Училиштната библиотека збогатена со 201 наслов од проектите „Ѕвездите на светската книжевност“ и „Нобеловци“


Објавено на: 21.09.2013

Во месец септември 2013 година библиотечниот фонд во гимназијата се збогати за 201 наслов со едни од најдобрите писатели на сите времиња.

Имено, Министерството за образование и наука во рамките на своите надлежности, а согласно Одлуката на Владата на Република Македонија и во реализација на Министерството за култура на училиштната библиотека и додели книги од светски познати автори.

Овој проект се реализираше на ниво на цела држава во речиси сите основни и средни училишта заедно со Министерството за култура и МОН.

На овој начин на учениците ќе им се обезбеди можност за следење на светската литература и творештво, можност за надоградување и проширување на знаењето на многу сегашни и идни генерации.