Креативност, инвентивност и претприемчивост во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“
Објавено на: 21.03.2014
По повод денот на пролетта 21 март 2014, учениците од Гимназијата „Добри Дасакалов, мотивирани од нивните наставниците, масовно се впуштија во уште една голема и хумана акција. Со цел да ја задржат еколошката свест на високо ниво, со голема труд и посветеност изработија прекрасни украси и предмети од употреблив материјал.
Рачно изработените предмети беа изложени на продажните штандови во училиштето и на Градскиот плоштад. Оригиналните ракотворби на учениците привлекоа големо внимание и восхит од случајните минувачи, родителите и од наставниците и уште првиот ден беа продадени скоро сите оригинални експонати.
Со парите од продадените ракотворби ќе се овозможи да се купат садници на бели рози коишто ќе се посадат во училишниот двор. На тој начин ќе се придонесе за прочистувањето на воздухот, а истовремено ќе се создаде и визуелно – естетски рај за сетилата.
Со оваа активност Гимназијата достојно го одбележа учеството во националната еколошка кампања „Македонија, земја на цвеќето-земја на розите“.
Среќен прв пролетен ден, да ни се редат денови исполнети со радост и бериќет.