Незаборавна еднодневна екскурзија


Објавено на: 05.05.2014

Патувањата без разлика дали се мали или големи отвораат нови страници, со нови искуства и спомени. Учениците од трета година од гимназијата „Добри Даскалов“ се збогатија со нови доживување од еднодневната екскурзија на најпознатиот кањон во нашата земја, кањонот Матка.

Магичната, недопрена природа на кањонот и ендемскиот животински и растителен свет не оставаат никого рамнодушен. На брегот на езерото Матка вниманието ни го привлекоа црквата св. Андреј, манастирот Св. Богородица, планинарскиот дом итн. Високо во карпите на кањот за нас недостижно се наѕираа ѕидините на средновековната крепост Марков Град и уште многу пештери кои им се достапни само на планинарите и спелеолозите.

матка 2

По неколкучасовната прошетка на Матка на учениците им беше организирана посета на новиот Македонски народен театар во Скопје. Уште на влезот во театарот започна новото доживување. Ентериерот и амбиентот на новата зграда треба да се видат, за да се доживеат со оригиналноста, велелепноста и моќта на уметноста. Впрочем од овој момент за учениците започна новото духовно патување и доживување.

матка 1

Комедијата „Госпоѓа Министерка.“ несомнено предизвика многу возбуда. Актерите Весна Петрушевска како госпоѓа министерка, легендарниот Сашко Коцев како зет на госпоѓата министерка, оригиналната Марија Новак и останатите актери беа брилијантни на театарската сцена. Три часа молњевито поминаа поради одличната атмосфера која владееше во салата. Громогласното смеење беше непрекинато и сите уживаа во претставата.

групна слика од театарот

На крајот од едно вакво патување секогаш е присутен заморот, но импресиите од виденото и доживеаното се посилни и трајно врежани во сеќавањата. Преку впечатоците, учениците стекнаа духовни вредности, ги прошиjа сопствените видици и визии, и на тој начин станаа побогати со нови доживувања и знаења.

IMG 2329