I место за Гимназија „Добри Даскалов“ на натпреварот „Кажи нешто“
Објавено на: 12.05.2014
Блог натпреварот „Кажи нешто“ е проект во организација на здружението на граѓани ОХО под покровителство на Фондацијата е-Македонија чија цел е промоција и популаризација на блогот и информатичките технологии како медиум за изразување. Право на учество на овој натпревар имаше секое средно училиште со ученик-поединец или блог на тим под менторство на наставник од училиштето.
На 10 мај 2014 година се одржа завршниот настан во Младинскиот Културен Центар – Скопје и прогласување на тројца победници. Во конкуренција од 140 блога од цела Македонија учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ Крсте Тодоров III-2, Ристе Крстев III-2, Душко Клинчаров III-2, Горан Митров III-2, Митко Ѓорѓиевски III-7 и Ѓорѓи Белевски III-7 под менторство на проф. по информатика Зоран Милевски освоија I место за најдобар блог.
Учениците во текот на 5 месеци креираа блогови и ги регистрираа истите во две категории и осум поткатегории:
Кажи ТЕХНОЛОГИЈА
• Живот онлајн
• Хакеризам
• Мобилен интернет
• Мобилни апликации
Кажи СТИЛ
• Љубов
• Култура
• Спорт
• Зелен
Блогот АПЛАНД http:// appland.dobridaskalov.edu.mk во категоријата Кажи ТЕХНОЛОГИЈА – Мобилни апликации според критериумите на жирито во состав: Антонио Николоски – Фондација е-Македонија, Дарко Булдиоски – Newmedia, Дејан Трајкоски – новинар во дневниот весник Вечер, Јасмина А. Чашуле – проектен координатор на Кажи Нешто, доби најмногу поени и го освои првото место. Заклучокот на жирото е дека доколку на младите им се даде шанса, тие можат со своите размислувања да влијаат на јавното мислење, да бидат активни партиципанти во јавниот живот и да придонесуваат кон поттикнување на креативните потенцијали на сите останати.
Настанот и на останати медиуми: