Регионален натпревар по биологија


Објавено на: 14.05.2014

На 10.05.2014 година во Велес се одржа регионалниот натпревар по биологија. На натпреварот учествуваа 65 ученици, кои се натпреваруваа групирани по години и по образование (гимназиско и стручно). Нашите ученици постигнаа одлични резултати.

За I година гимназиско образование учествуваа следниве ученици под менторство на проф. по биологија Елизабета Иговска и ги постигнаа овие резултати:

Митревски Васил од 1-4 клас – I место

Панова Ѓурѓица од 1-2 клас – II место

Крстевска Драгана од 1-5 клас – III место

Галабова Сава од 1-5 клас – IV место

Димов Благој од 1-2 клас – V место

За II година гимназиско образование учествуваа следниве ученици под менторство на проф. по биологија Богде Коцева и ги постигнаа овие резултати:

Богева Симона од 2-1 клас – I место

Пенчева Александра од 2-4 клас – II место

Касапинов Душко од 2-4 клас – III место

Андова Наташа од 2-1 клас – III место

Делова Душица од 2-5 клас – VI место

За III година гимназиско образование учествуваа следниве ученици под менторство на проф. по биологија Елизабета Иговска и ги постигнаа овие резултати:

Арсова Фиданка од 3-1 клас – II место

Стојанова Емилија од 3-3 клас – V место (пофалница)

Тасева Мирјана од 3-1 клас – IV место (пофалница)

Јовановиќ Павлинка од 3-1 клас – VII место (пофалница)

Постигнатите резултати зборуваат за континуираната работа на учениците, нивната амбициозност и вложениот труд, како и целосната поддршка и помош од страна на менторите.

На државниот натпревар ќе учествуваат учениците со освоено I, II и III место којшто ќе се одржи на 17 мај 2014 година во Скопје.

На сите ученици им посакуваме успех на натпреварот со желба и понатаму да постигнуваат високи резултати и да го афирмираат училиштето и градот.

Нека им е со среќа!