Информации за матурантите


Објавено на: 16.05.2014

Соопштение за начинот на полагање на екстерните испити од Државна матура           

Им се соопштува на сите предметни наставници дека учениците од IV (четврта) година

при полагањето на екстерните испити од Државна матура 2014 треба да се обрне внимание на следните работи:

1.Испитите од екстерниот дел од Државна матура за учебната 2013/2014 година се состојат од два дела, и тоа:

  • дел со затворени прашања- црвен тест
  • дел со прашања од отворен тип-син тест

2. Ученикот најпрво го решава црвениот тест и откако ќе заврши со решавање на истиот, го враќа кај тестаторот и го добива синиот тест.

3. При решавањена тестот не постојат временски ограничувања за тоа колку време кој дел од тестот од тестот ќе го решаваат.

4. Времетраењето на испитите ќе биде:

  • македонски јазик и литература – 240 минути
  • странски јазици – 180 минути
  • математика и филозофија – 180 минути
  • бизнис, историја, биологија, хемија и физика – 150 минути

5. Сите ученици коишто ќе ги полагаат испитите од Државна матура треба навремено да бидат во училиштето, односно 15 минути пред почетокот на испитот.

6. Секој ученик задолжително со себе треба да понесе легитимација за идентификација(лична карта)

7.Сите ученици да ги следат соопшенијата и информациите што ќе се објавуваат на нашата веб страна на училиштето www.dobridaskalov.edu.mk   и на веб страната www.matura.gov.mk како и на огласната табла на училиштето.

16.05.2014 година                                                                                                    

Училишна матурска комисија

 

Соопштение за матурантите

  • Редовната настава за учениците од IV година завршува на 20.05.2014 година (вторник);
  • Успехот на учениците ќе им се соопшти на 20.05.2014 година (вторник) во 12:00 часот;
  • Подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити, испити за побрзо напредување, матурски и завршни испити, учениците ќе имаат од 21 мај до 30 мај и од 16 јуни до 30 јуни 2014 година;
  • Пријавување на поправни испити, испит на годината, дополнителни испити, испити за побрзо напредување на 22 и 23 мај 2014 година;
  • Полагањето на поправни испити, испит на годината, дополнителни испити, испити за побрзо напредување ќе се изведе на 26 и 27 мај 2014 година;
  • Распоред по предмети ќе има на огласната табла;
  • Резултатите од поправните испити ќе се соопштат на 28 мај 2014 година;
  • Доделување Свидетелства на 28 мај 2014 година, а за часот во договор со кл.раководители;
  • Екстерни испити:

       – македонски јазик и литература на 31 мај 2014 година во 10 часот;

       – англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик на 11 јуни 2014 година во 10 часот;

       – математика и филозофија на 13 јуни 2014 година во 10 часот;

       – хемија, физика, биологија, историја и бизнис на 16 јуни 2014 година во 10 часот.

  • Интерните испити од изборниот дел на Државна матура ќе се спроведат од 18 до 30 јуни 2014 година;
  • Училишна матура и завршен испит: македонски јазик на 17 јуни 2014 година во 9 часот;
  • Изборен дел (интерен испит) во периодот од 18 до 30 јуни 2014 година.
  • Дополнителни информации ќе добиете од класните раководители и предметните наставници.

Невенка Поп-Ангелова, Директор

Датум: 12.05.2014 година