Гимназијалците ја прославија матурската вечер


Објавено на: 23.05.2014

Гимназијалците ја прославија матурската вечер, а во истиот ден генерацијата матуранти 1953/1954 ја прославија 60 годишнината од матурирањето.

Младост, убавина, пријатна атмосфера. Добра музика, DJ, незапирлива игра. Малку се овие зборови да се опише синоќешната матурска вечер која претставуваше круна на четиригодишното школување и другарување.

„Постојано да работите, затоа што тоа е цената на успехот, да читате и да учите, бидејќи тоа е изворот на мудроста, да играте и да бидете позитивни, да се забавувате – тоа е тајната на долгиот живот. Бидете поамбициозни, покреативни, продолжете го своето школување, стекнете се со нови знаења и бидете гордост на нашето училиште и нашиот град.“

Со овие зборови директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова ги поздрави матурантите, но и во оваа прилика не заборави да ги потсети на универзалните човечки вредности учениците да бидат добри, полни со љубов и хумани. Затоа ги повика сите присутни да ја покажат хуманоста на дело и со своите телефони да донираат за матурантите што не можат да ја прослават матурската вечер од подрачјата што беа зафатени од големите поплави.

{qtube vid:=QXiLZmQru84} 

Истиот ден, матурантите од генерацијата 1953/1954 од гиманзијата ја прославија 60 годишнината од матурирањето. На иницијатива на директорката и неколку ученици, сегашни матуранти организиравме средба на која се споија младоста и искуството. Матурантите возбудени и со нескриена еуфорија за претстојната матурска вечер, а 60 години постарите веќе во поодминати години и докажани во своите професии, смирено евоцираат спомени и се навраќаат на најубавиот период од животот. Иако неколкумина: Мишо Поп-Андов, Павлинка Карова, Диме Милков, Живко Попов, Јордан Петров, Грозда Попова… средбата беше несекојдневна, исполнета со многу емоции и сеќавања, а целиот настан го забележаа и јавните медиуми.

DSC 0772 Large

DSC 0782 Large

На постарите матуранти им посакуваме многу здравје и долг живот, а на генерацијата 2013/2014 многу љубов, здравје и успех во животот.

DSC 0777 Large

DSC 0787 Large