Гимназијалците – домаќини на учениците од Прва Крагуевачка Гимназија Р.Србија


Објавено на: 30.05.2014

На манифестацијата за промоција на училиштето присуствуваа и околу двеста ученици од Прва Крагуевачка Гимназија со која гимназијата „Добри Даскалов“ има долгогодишна соработка.

Директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова ги поздрави гостите и им посака пријатен престој во нашиот град, но и во другите градови во Македонија што ќе ги посетат во следните неколку дена.

Нашите ученици ги поздрави и директорката на Прва Крагуевачка гимназија Славица Марковиќ и ги покани наредната година да бидат гости во нивниот град.

Неколкучасовниот престој во Кавадарци на учениците од двете училишта им овозможи запознавање и нови пријателства кои ќе траат понатаму во животот.

DSC 08655 Large

DSC 08656 Large