Соопштение за учениците од I, II и III година


Објавено на: 05.06.2014

  • Редовната настава за учениците од I, II и III година завршува на 10.06.2014 година (вторник).
  • Општиот успех на учениците без резултатите од екстерното тестирање ќе им се соопшти на 10.06.2014 година (вторник), и тоа: за учениците од I и III година во 17:00 часот, а за учениците од II година во 17:30 часот.
  • Подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците кои треба да полагаат поправни испити, испит на годината, дополнителни испити, испити за побрзо напредување, учениците ќе имаат во периодот од 12 јуни до 18 јуни 2014 година и од 11 август до 15 август 2014 година.
  • Термините за подготвителна настава, консултации и други форми на помош за учениците по предмети ќе бидат истакнати на огласната табла.
  • Пријавувањето на поправните испити и испитите на годината ќе се врши на 12 и 13 јуни 2014 година.
  • Полагањето на поправните испити и испитите на годината ќе се одржи на 19 и 20 јуни 2014 година.
  •  Распоредот по предмети ќе биде истакнат на огласната табла.
  •  Резултатите од поправните испити и испитите на годината ќе се соопштат на 20.06.2014 година во 12:00 часот.
  • Доделувањето на Свидетелствата (доколу бидат објавени резултатите од екстерното проверување) ќе се изврши на 25.06.2014 година, и тоа: за учениците од I и III година со почеток во 10:00 часот, а за учениците од II година со почеток во 11:00 часот.
  •  Запишувањето на учениците во наредна учебна година ќе се изврши на 21 и 22 август 2014 година.
  •  Потребни документи за запишување во наредна година се: Свидетелство за завршена година, Пријава за запишување (ја има во училиштето) и Изјава од ученици кои претходната учебна година имале Незадоволително поведение во присуство на родител.

         Невенка Поп-Ангелова, Директор