5 години мултилатерална соработка


Објавено на: 10.07.2014

На 3 јули 2014 година во винаријата „Еленови“ се одржа петтата по ред средба на вработените во средните училишта – потписници на меморандумот за мултилатерална соработка. Оваа година домаќин беше гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци.

2014-07-03 13.41.32

Директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова ги поздрави гостите и им посака добредојде, а на директорите на средните училишта: „Орце Николов“ Скопје, „Ацо Русковски“ Берово, „Здравко Цветковски“ Скопје, „Георги Димитров“ Скопје и гимназија „Јане Сандански“ Сандански им врачи плакети за успешната петогодишна соработка.

2014-07-03 13.42.54

2014-07-03 13.39.44

Повеќе од сто професори поминаа еден незаборавен ден во размена на искуства и идеи со храна, добро вино, но и добра забава. Соработката ќе продолжи и во иднина, а следната средба е закажана во Сандански, Р. Бугарија.

2014-07-03 13.39.53

2014-07-03 14.28.57

2014-07-03 13.25.05