Ден без автомобили во Кавадарци
Објавено на: 26.09.2014
150 ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци со своите велосипеди денеска се вклучија во одбелжувањето на меѓународниот ден без автомобили. Велосипедскиот карван тргна од гимназијата, се возеше низ повеќе улици во градот, кои за време на минувањето на велосипедистите беа затворени за сообраќај. За безбедно да помине денешната акција беше вклучена и кавадаречката полиција, а карванот го обезбедуваше и екипа на итната медицинска помош. Професорот по спорт и спорстки активности во гимназијата, Блаже Велков искажа задоволство од масовниот одѕив на учениците во овој настан за одбележување на денот без автомобили.
Текстот е преземен од ktv.mk