Училишен турнир во пинг-понг


Објавено на: 13.11.2014

Од 5 до 11 ноември 2014 г. во спортската сала на Гимназијата Добри Даскалов, Кавадарци се одржа училишен турнир во пинг-понг. Педесетина ученици од сите генерации земаа учество во турнирот. Најдобрите двајца во машка конкуренција и најдобрите две во женска се пласираа на државниот наптревар во пинг понг кој ќе се одржи на 14 ноември 2014 г. под менторство на професорот Блаже Велков. Победници на турнирот се Петар Бојков IV-2, Љупче Пешов II-2, Марија Јованова II-7 и Наташа Сотирова I-5.

10601016 984253478255395 554275412 n

10749527 905830972761166 1428868177 n

10805275 890247300986072 978882484 n