Драматизација „Бон-тон за деца“
Објавено на: 01.12.2014
На 28.11.2014 г. средношколците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“- Кавадарци под менторство на професорката Катица Манева им приредија кратка драмска претстава на дечињата во објектите „Изворче“ и „Детелника“ во ЈОУДГ „Рада Поцева“ – Кавадарци.
Учениците: Радица Гркова, Јанаки Златев, Душко Клинчаров, Ангела Милева, Марија Ризова, Митко Ѓеоргиев, Дарко Мирчев и Марија Мишева пред најмладата публика се претставија со драматизацијата „Бон-тон за деца“. Топло пречекани, учениците низ разговор игра и песна им го привлекоа вниманието на дечињата со содржини од секојдневието, за лошите навики, но и за убавото, и културно однесување.
Целта на посетата во градинките беше на најмладите да им се укаже на негативните навики, како да ги поправат, што треба да прават и како да се однедуваат, односно да научат кои се правилата на бон – тонот за децата.