Трет меморијален турнир во табла


Објавено на: 28.12.2014

На 24 (среда) и 25 (четврток) декември 2014 г. во просториите на Гимназија “Добри Даскалов” се одржа училишен турнир во табла. На турнирот земаа учество повеќето вработени во гимназијата. Победник на турнирот е професорот по спорт и спортски активности Блаже Велков, награден со слика со ликот на Гоце Јосифовски Ромбо. Второпласиран е професорот по македонски јазик и литература, Костадин Прокопов, кој е добитник на табла. Турнирот,“Ромбо 2014” се одржува, во чест на покојниот колега Гоце Јосифовски, наставник по ликовна уметност.

turnir tabla 1

turnir tabla 2