Предновогодишно дружење со децата од Дневниот центар
Објавено на: 30.12.2014
На ден 26 декември 2014 год. како и минатите години, учениците од гимназија Добри Даскалов ги посетија децата од Дневниот центар за деца и млади со интелектуална и телесна попреченост и Мал групен дом за деца во социјален ризик.
Со ова дружење се прославуваат новогодишните и божиќните празници со новогодишен концерт од учениците и оркестарот на гимназијата и индивидуална изведба од ученичката Марија Мишева. Се поделија пригодни подароци и за момент радоста беше насекаде околку нас.