Соработка на гимназијата со Curt Nicolin Gymnasiet од Шведска


Објавено на: 19.01.2015

Гимназијата Добри Даскалов започна соработка со училиштето Curt Nicolin Gymnasiet од Шведска. Делегација од Curt Nicolin Gymnasiet (cng.se), Zlatko Karov, Anders Södergren и Stefan Abrahamsson ја посетија Гимназијата Добри Даскалов каде што и се договорија за започнување на соработка помеѓу двете училишта. Почетокот на соработката започна со потпишување на „Letter of agreement“ од страна на директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова и директорот на Curt Nicolin Gymnasiet г-ин Anders Södergren.

2015-01-16 14.08.52

 2015-01-16 14.28.36

Од 20.04 – 8.05. 2015 год. ученици и професори од Curt Nicolin Gymnasiet ќе престојуваат во Кавадарци и ќе бидат гости на нашето училиште. Со оваа мобилност учесниците ќе разменат искуства, знаења, ќе се стекнат со нови вештини, ќе комуницираат меѓусебно и ќе работат на заеднички дефинирани активности.

2015-01-16 14.08.32

10922152 10155135220340370 14309992 n