Одржани училишен и регионален натпревар по информатика


Објавено на: 05.03.2015

Во организација на Здружението на информатичари на Македонија се одржаа училишен и регионален натпревар по информатика. Најпрво, поради преголем интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов на 20 февруари (петок) беше одржан училишниот натпревар со цел за селекција на четворица претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар. На училишниот натпревар учествуваа Горан Митров и Душко Клинчаров од IV-2, Тодор Димов и Мартин Тасев од IV-4, Атанас Николовски од IV-5, Славе Темков и Јордан Мицковски од II-3 под менторство на професорот Зоран Милевски, Пане Марков од III-3 и Велика Србакова од III-1 под менторство на професорката Андосија Ристова и Александар Тренчев од III-1 под менторство на професорката Благородна Лазова.

Informatika-natprevar-1-3-2015

XXIII регионален натпревар по информатика се одржа на 1 март (недела) во просториите на ФИНКИ сместен на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Нашето училиште беше претставувано од Горан Митров, Душко Клинчаров, Александар Тренчев и Пане Марков.

На регионалниот натпревар учениците Горан Митров и Душко Клинчаров освоија трета награда, а учениците Александар Тренчев и Пане Марков пофалба за успешно учество.

Горан Митров и Душко Клинчаров се поканети да учествуваат на државниот натпревар по информатика кој се планира да се одржи на 28 март (сабота) исто така во просториите на ФИНКИ во Скопје.

Им посакуваме успешно учество на учениците на натпреварите што следуваат.