Натпревар по француски јазик Олимпијади 2015


Објавено на: 29.03.2015

На 28 март 2015 во просториите на нашето училиште се одржа традиционалниот регионален (Кавадарци, Неготино, Велес, Гевгелија, Валандово) натпревар по француски јазик Олимпијади 2015. Натпреварот ги опфаќа учениците од трета година средно (класична и билингвална) образование и оние од завршната година од основно т.е. годинава по прв пат деветто одделение.

P3280405

P3280400

P3280418

Нашето училиште го претставуваа Радица Јованова и Тања Митрова од III 1 под менторство на професорката Светлана Несторова-Мицев и освоија прво (Радица) и трето место (Тања) со што се здобија со право за учество на државниот натпревар што ќе се одржи на 25.04.2015 во Скопје на Филолошки факултет. Дотогаш „нека си ги засукаат ракавите”.

Регионален координатор Светлана Несторова-Мицев

P3280415

P3280416