Учество на „Образовно рандеву 2015“


Објавено на: 13.05.2015

На 17 и 18 мај во СОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес, се одржа јубилејното 10-то по ред „Образовно ранедеву “. Организатор на манифестацијата е Младинската организација на средните стручни училишта на Македонија (МАССУМ) со поддршка на УСАИД, Министерството за образование и наука и Бизнис партнери. Ова организација има за цел да ги унапреди знаењата, вештините, можностите и потенцијалите на младите за лидерство, комуникација, тимска работа и сл.

OR2015-1OR2015-2

На Образовното рандеву 2015, учествуваа повеќе од 800 ученици од средните училишта во Р.Македонија.

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се пријави да се натпреварува и учествуваше во следните категори: јавно  говорење со ученикот Стојан Николов под менторство на проф. Љубица Станоевска, интервју за работа со ученикот Митко Ѓорѓиевски под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова, најдобар маркетинг план со учениците:  Александар Маринковиќ, Петар Милков, Љубица Стојчева и Тиана Трајкова под менторство на проф. Лоска Давчева, најдобра видео реклама со тим на ученици: Надица Наумовска, Дајана Димова, Сара Иванова и Димитар Бојаџиев под менторство на проф. Благородна Лазова, најдобар филм со учениците: Никола Станоев, Марија Глигорова, Благица Ставрова и Кристина Сакалиева под менторство на проф. Лоска Давчева, најдобра веб страна со учениците: Душко Петровски, Димитар Бојаџиев и Даниел Миловановиќ  под менторство на проф. Благородна Лазова, најдобра модна ревија со учениците: Дијана Падикова, Мартина Темкова и Наташа Станојева под менторство на проф. Богде Коцева, најдобра поетска творба со учениците: Надица Нацева и Елена Димовска  под менторство на проф. Васка Петкова, најдобра фотографија со ученичката Ангела Китанова под менторство на училишниот педагог Јасминка Ризова и во категоријата најдобра драмска претстава со учениците Ѓеле Митрев, Дајана Димова, Александар Илов, Игор Стојков, Никола Станоев, Саше Крстиќ, Кристина Сакалиева, Благица Ставрова, Александра Колева, Марија Попова, Анета Данева, Валерија Толева и Дејан Коцев под менторство на проф.Костадин Прокопов.

OR2015-3

Во категоријата Интервју за работа ученикот Митко Ѓорѓиевски под менторство на училишниот психолог Душанка Иванова го освои второто место. Во категоријата Најдобра драмска претстава нашите ученици со претставата „Мили снајки“ под  менторство на проф.Костадин Прокопов го освоија третото место.

OR2015-4