Две трети места на натпреварите по македонски јазик и литература


Објавено на: 28.05.2015

Во рамките на Државниот натпревар по македонски јазик и литература на 16. 5 2015 година во Гимназијата Алгоритам – Скопје беше одржан Државниот рецитаторски натпревар. Гимназијата „Добри Даскалов“ – Кавадарци ја претставуваа учениците од IV година: Душко Клинчаров и Драган Кабранов, под менторство на професорката по македонски јазик и литература Катица Манева.  Ученикот Душко Клинчаров доби пофалница, додека ученикот Драган Кабранов го освои III место.

1.jpg

Второто трето место во категоријата литература ù припадна на ученичката Теодора Грнева од III година на наградниот конкурс за најдобар есеј „Ацо Караманов“, под ментороство на професорката Гордана Еленова.  

На учениците и нивните ментори им беа доделени дипломи и пофалници за освоените места. 

2.jpg

3.jpg

4.jpg

5.jpg

7.jpg