Еколошка акција во училиштниот двор како дел од проектот „Македонија без отпад“
Објавено на: 08.10.2015
Како и претходните три учебни години, така и оваа учебна година, нашето училиште активно се вклучи во националната еколошка акција согласно проектот „Македонија без отпад“.
Акцијата се спроведе на 03 октомври 2015 година (сабота) согласно повикот од страна на Канцеларијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и Министерството за образование и наука, а поддржано од Владата на Република Македонија.
Целта на проектот е чистење на отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, да се подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и вклучување на младите во еколошки здруженија и секции.
Активностите беа спроведени во училиштниот двор и спортските терени на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци и опфатија повеќе акции:
– Чистење на училиштниот двор од пластичен отпад,
– Чистење на училиштниот двор од суви лисја,
– Чистење (метење) на спортските терени.
Во акцијата учество земаа околу 120 ученици заедно со своите класни раководители, предметни наставници и членови на еко-одборот на училиштето.
Се надеваме дека со ваквите активности ќе се зголеми свеста кај младите за зачувување на средината во којашто учат и живеат.
Нашето училиште и понатаму активно ќе се вклучува во сите акции и кампањи од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.