Започна реализацијата на Еразмус+ проектот Електронско учење во училниците со прва работилница во Софија – Р. Бугарија


Објавено на: 11.12.2015

Во периодот од 30 ноември до 4 декември 2015 година во просториите на Техническиот факултет во Софија, Р. Бугарија се одржа првата работилница од Еразмус+ проектот Integrating E-Learning and Open Educational Resources into Classroom (iOERc) во кој учествува нашата гимназија заедно со уште пет партнери: Универзтитет Гоце Делчев од Штип, Техничкиот универзитет од Софија, Градежниот училишен центар „Здравко Цветковски” од Скопје, Втората јазична гимназија во Софија и гимназијата Курт Николин од Шведска.

На оваа работилница учество земаа по пет учесници од секој од партнерите, односно вкупно 30 учесници. Од нашата гимназија учество зедоа директорката на гимназијата Невенка Поп-Ангелова, м-р Зоран Милевски проф. по информатика, Благородна Лазова – проф. по информатика, Костадинчо Петров – проф. по економски предмети и Мики Камчевски – проф. по историја.

2015-12-01 10.58.01

Секој од учесниците презентираше анализа за моменталното ниво на имплементација на ИКТ во своето училиште/универзитет. На тој начин секој од партнерите се запозна со начинот на работа на своите партнери со што понатаму ќе може да се креираат препораки и споделување на искуства во насока на успешна десиминација на добри практики со што бенефит ќе добијат професорите и учениците.

2015-12-02 14.11.16

2015-12-02 11.03.32

На првата работилница, од вкупно четири, домаќин беше Техническиот факултет во Софија. За времетраењето на оваа работна средба сите учесници имаа можност да ја посетат втората јазична гимназија Томас Џеферсон и да присуствуваат на настава по предметите математика, биологија и хемија, каде што наставата се изведува на англиски јазик.

3

4

2015-12-04 11.10.40

Проектот ќе се реализира во следните две години со што се очекува да се зголеми знаењето и примената во користење на информатичките технологии во наставата, преку примена на електронското учење и креирање на дигитални содржини во форма на онлајн отворени образовни ресурси.

Официјалниот веб сајт на проектот е www.ioerc.mk каде може да се најдат повеќе информации околу неговата имплементација.