Одржан регионален натпревар по германски јазик


Објавено на: 02.03.2016

На 27.02.2016 година во просториите на О.У „Коле Канински“ Битола се одржа регионален натпревар по германски јазик за учениците од втора година од средните и основните училишта, во рамките на Олимпијадата по германски јазик во Република Македонија.

Право на учество имаа ученици кои се втора година, кои немаат родител кој е мајчин говорител на германски јазик и немале постојан престој во земјите од германско јазично подрачје повеќе од шест месеци.

Од нашето училиште учествуваа ученичките Даниела Стојанова од II-3 клас и Марија Дренкова од II-5 клас под менторство на проф. по германски јазик Васка Таневска.

Ученичката Даниела Стојанова од II-3 клас го освои првото место, а ученичката Марија Дренкова од II-5 клас го освои третото место. Истите добија можност за учество на државниот натпревар по германски јазик кој ќе се одржи во Скопје во просториите на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ на 12.03.2016 година. Ученичките се здобија со дипломи за учество и освоено место, а менторот со пофалница за учество и успешно менторство во рамките на регионалниот натпревар по германски јазик.

Germanski-opstinski