Културна алтернатива на одбележување на Меѓународниот ден на жената (8 Март)


Објавено на: 07.03.2016

“Денови на безвременската инспирација-Жената”

Проектите, иновативноста и креативноста се постојан дел од работата на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.Секоја генерација ученици носи таленти од различни области, кои со помош на нивните ментори излегуваат пред очите на јавноста. На нивните успеси горди се професорите, учениците, родителите.

Во периодот од 7 до 12 март во просториите на гимназијата за првпат се одржа манифестацијата Културна алтернатива на одбележување на Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Оваа манифестација беше организирана со една цел-учениците да ги изнесат своите таленти на повеќе полиња: сликарство, музика, ораторство, рецитирање, танц…..,со едно заедничко мото-Денови на безвременската инспирација, жената.

Вистинско задоволство беше да се присуствува на културните настани и проектите во кои учениците инспиририрани од жената низ сите времиња, направија манифестација вредна за почит.

12837585 834789379999993 630461648 o

Под менторство на проф.Ванчо Кеков беше организирана изложба и сликање во холот на гимназијата. Учесници во овој проект беа учениците:Марија Бојкова, Марија Глигорова, Барбара Тодорчева, Ивана Данова, Трајче Белевски, Снежана Ташева, Митрева Тијана, Александра Крстева, Тијана Мицева, Методија Јованов, Анкица Печкова, Ивана Данова, Ивана Давчева, Цветанка Костова, Моника Милкова, Петар Тодоровски, Мила Шошев, Босилка Велкова,Емилија Чукаркова, Фросина Костадиновска, Марија Алексова и Лариса Аврамова. Со голема посветеност изработија цртежи преку кои ја возвишија убавината на жената и го разубавеа просторот во училиштето.

received 823110311167900

received 823110347834563

На денот на празнувањето на празникот на жената, 8 Март, присутните имаа можност да присуствуваат на вистинско музичко уживање како најубав подарок за сите припаднички на понежниот пол. Во холот на гимназијата хорот и оркестарот под менторство на проф. Драган Вељковиќ ги потсетија присутните на некои подзаборавени рефрени кои ги стоплија нивните срца. Безвременскиот јазик на музиката сплотени со макотрпната работа на големиот број ученици од хорот и оркестарот никого не оставија рамнодушен. Громогласниот аплауз за прекрасниот настап беше награда за часовите вежбање на учениците и менторот.

 

12874353 834789413333323 1860119922 o

12904007 834789456666652 1846402714 o

Литературниот клуб на училиштето под менторство на проф.Васка Петкова во оваа манифестација зеде учество со два проекта. Првиот под наслов „Жените кои го променија светот“, а во вториот ги видовме младите гимназијалци како прекрасни оратори на тема:Жената, вечна инспирација.

Во кино-салата на училиштето присутните имаа можност да ја гледаат презентацијата посветена на сите жени кои дале свој белег во развојот на човечката цивилизација.Учениците: Верица Ставрова, Маргарита Лазовска, Елена Димовска, Атанас Петков и Марко Јовановски ги разнежнија срцата на присутните со рецитирање на стихови од РабиндранатТагоре, Петре М. Андреевски, Матеја Матевски и др. Зборот уште еднаш ја покажа својата моќ да допре и до најскриеното катче од човековата душа преку ораторството на учениците: Владанка Недева, Александра Илкова, Теодора Грнева, Сандра Костова, Мила Шошев, Пепита Манџикоска, Анета Данева, Марија Попова и Вероника Милкова.Учениците се претставија пред публиката со свои текстови во кои говореа за жените кои се инспирација во нивниот живот-нивните мајки, баби, сестри….толку едноставни, кршливи, емотивни, а од друга страна толку силни, бестрашни на своите плеќи да го понесат товарот на животот и да создадат здрави поколенија на кои ќе им бидат непресушна инспирација. Публиката не можеше да го скрие своето воодушевување и честитки за вредните ученици.

Во спортската сала на училиштето кореографот Билјана Грозданова одржа час по зумба. Присутните професори и ученици имаа можност да се запознаат со овој танц и да ги покажат своите танцувачки афинитети.

Насмеани лица, возбуда, позитивна трема, желба и таленти ја одбележаа неделата посветена на жената .СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ е училиште кое е гордо на своите мултиталентирани ученици и оваа манифестација е само поттик за други проекти кои ќе се реализираат во иднина, а ќе донесат на виделина многу убави моменти за паметење.