Стратешка работилница за изработка на Регионална стратегија за иновации 2016-2020
Објавено на: 10.03.2016
На 3 и 4 март 2016 година Центарот за развој на Вардарски Плански Регион организираше дводневен настан „Стратешка работилница за изработка на Регионална стратегија за иновации 2016-2020”. На работилницата се презентираше – Извештајот „Анализа на состојба во ВПР – капацитети, потреби и потенцијали за развој на иновации” ,кој всушност претставува основа за изработка на стратегијата. Учесници беа претставници од бизнис сектор, јавни и образовни институции од Вардарскиот регион. Развој на иновации и зголемување на конкурентноста на регионот беше главната цел на работилницата. На работилницата земаше учество и нашето училиште со свои претставници, г-ѓа Невенка Поп-Ангелова и г-ѓа Александра Ристова. Одлично организираната Презентација и работилницата ја водеше Софија Богева – Менаџмент Консултант. Посебно ни е драго што Софија е поранешна ученичка во СОУ Гимназија Добри Даскалов Кавадарци и посебно сме горди на нејзината успешна приказна.