Реализација на проектот „Заедно против дискриминацијата“


Објавено на: 24.03.2016

Проектот „Заедно против дискриминацијата“ во реализација на ученичката/младинска организација при СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци претставува дел од поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на децата“ на Коалиција на младински организации СЕГА. Проектот е финансиран од заеднички средства на Коалиција на младински организации СЕГА и СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци.

Целта на овој проект е подобрување на престојот на учениците во училиштето преку подигање на свеста кај учениците против секаков вид на дискриминација (визуелни пораки против дискриминацијата во делокругот на училишниот двор ) и делумно обновување на инвентарот во училишниот двор (обновување на клупите и подобрување на осветлувањето).

Со реализација на проектот во периодот од декември 2015 до јануари 2016 година во дворот на училиштето се поставени 4 рефлектори, набавени се дрвени даски за обнова на клупите во училишниот двор (за 7 клупи) и истите се офарбани од страна на учениците.

На видно место во училиштниот хол е поставена табла (постер) со порака против дискриминацијата.  

Во реализација на проектот учествуваа членови на Советот на ученичката/младинска организација и тоа претседателот на ученичката/младинска организација Сандра Костова од IV-4 клас, учениците Мартин Орешков од IV-3 клас, Блаже Ѓорѓиев од IV-6 клас, Десанка Малкиќ од IV-2 клас, Кристина Ташева од IV-4 клас и Андов Митров од IV-2 клас.

Проектот е реализиран со целосна поддршка на директорката на гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова, а во координација со училишниот координатор проф. по историја Наташа Матакова и локалниот координатор на Коалиција на младински организации СЕГА од Младинскиот Информативен центар „Инфо Сега“ Кавадарци. Во реализација на поширокиот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на децата“ на Коалиција на младински организации СЕГА активно учествуваат и училиштниот педагог Јасминка Ризова и училиштниот психолог Душанка Иванова.

На сите ученици им посакуваме убав и удобен престој во училиштето и училиштниот двор, како и вклучување во многу други наставни и воннаставни активности, работилници и проекти.