Учество на натпревар за Меѓународниот ден против расизмот
Објавено на: 30.03.2016
Во знак на одбележување на 21 март, меѓународниот ден против расизмот, Младинскиот центар Креактив од Кавадарци во соработка со други институции и организации организираше низа активности со коишто ги прослави толеранцијата, диверзитетот, социјалната вклученост и интеркултурата како важни неопходни општествени вредности.
Наши ученици се вклучија во изработка на видеа и постери на тема: „Сила во различности“. Под менторство на проф. Александра Ристова со видео учествуваа учениците: Сава Галабова од 3-5 клас, Надица Ѓорева од 3-5 клас и Ивана Недева од 3-5 клас. Под менторство на училиштниот педагог Јасминка Ризова со видео учествуваше ученикот Благој Димов од 3-2 клас, а со постери учествуваа следните ученици: Ружди Ќесаси од 1-5 клас, Евица Дојовска од 1-5 клас, Оливера Панова од 1-5 клас, Даниел Џуланов од 1-5 клас, Бранкица Димова од 1-2 клас, Стефанија Тодорова од 1-2 клас и Павлинка Ѓорѓиева од 3-2 клас.
Сите изработени видеа беа јавно презентирани на 21 март во просториите на Креактив, а дизајнираните постери беа промовирани во онлајн галерија на веб страницата на Европската недела на акција против расизам http://weekagainstracism.eu и www.unitedagainstracism.org .
Учениците и нивните ментори се здобија со сертификати за учество во активностите за изработка на видеа и постери и успешна менторска поддршка.
Голема благодарност до учениците и нивните ментори за активното вклучување во сите активности за подигање на свеста и борба против сите форми на расизам и дискриминација.