Прво место на регионалниот натпревар по македонски јазик и литература


Објавено на: 30.03.2016

На 26.03.2016 година во просториите на гимназијата Добри Даскалов се одржа регионален натпревар по Македонски јазик и литература на кој зедоа учество ученици од основните и средните училишта од Кавадарци, Неготино, Велес , Гевгелија, Богданци, Росоман, Дојран и Демир Капија. Нашето училиште го претставуваше ученичката Билјана Саздова од III-1 клас под менторство на проф. Кочо Кочов и го освои првото место. Со тоа се здоби со право на учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 16.04.2016 година.

Natprevar-makedonski