Посета на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола


Објавено на: 11.04.2016

На 06.04.2016 година учениците на IV година беа во посета на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола.

Голема благодарност до раководството на Универзитетот, до професорите и сите вработени кои ја организираа оваа посета и кои претходно донираа книги за гимназиската библиотека и со тоа го збогатија книжниот фонд со нови наслови.

Учениците беа пријатно изненадени од приемот на Универзитетот, условите кои тој ги нуди, беа воодушевени од транспаретниот однос на професорите, нивната непосредност и стручност. Благодараност на деканите на сите факултети кои ги разбија стереотипите дека универзитетските професори се недостижни и недостапни за комуникација.

DSC 0115

DSC 0122

Со оваа посета учениците добија корисни информации кои секако ќе влијаат на конечниот избор на универзитет на кој ќе го продолжат своето образование. Нашите ученици се свесни дека образованието е најиспатлива инвестиција, дека за успешна кариера и напредок освен диплома потребно е и постојано надградување и усоврашување.

Меѓународниот Славјански универзитет ги има сите услови за ова да се оствари.

DSC 0132

DSC 0123