Класни првенства во фудбал и кошарка
Објавено на: 28.05.2016
Секоја година традиционално во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ се одржува Класно првенство во фудбал и кошарка. Учениците од секој клас се посебно мотивирани да ги покажат своите знаења од областа на спортот, а со тоа го развиваат тимскиот дух и јакнењето на другарството меѓу нив.
Класните првенства во овој формат се под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци од есента 2009 година.Со наградите кои ги обезбедуваат секоја година ја искажуваат својата поддршка на средношколската младина во градот преку јакнење на спортот.
На 11.05.2016 година( среда), на спортските терени на гимназијата се одиграа завршните натпревари во фудбал и кошарка. Младите гимназијалци ги водеше спортскиот дух и желбата за успех и на публиката и овозможија вистинско уживање. Покрај нивните врсници ги бодреа и ученици од основните училишта „Тоде Хаџи-Тефов„ и „Димката А.Габерот“кои беа гости на спортскиот настан.
Прво место во фудбал го освои класот I-1, второ III-5, а третото место му припадна на класот III-6. Во кошарка најдобар беше III-3 клас. Пехарот во рацете на победниците им даде поттик да се натпреваруваат и понатаму да ги јакнат спортските вештини, тимската игра и да учествуваат на сите спортски натпревари во градот и државата.