Македонија без отпад
Објавено на: 06.10.2016
И оваа година асоцијацијата ,,Ајде Македонијо“ и акцијата Македонија без отпад своите активности ги реализира на 30.09 и 01.10.2016 година. Нашето училиште се вклучи активно во акцијата и учество зедоа учениците од I-IV година. На класниот час на 26.09.2016 беше одржан едукативен час во сите класови со наслов-Отпад.
Активностите за чистење беа реализирани во училишниот двор со што учениците покажаа голема активност и еко свест. Акцијата се спроведува уште во 150 земји во светот со цел да се подобри еколошката свест кај населението за поздраво живеење во 21 век.