Одржан регионалниот натпревар по француски јазик по спелување


Објавено на: 25.11.2016

На 18.11.2016 се одржа регионалниот натпревар по француски јазик по спелување за учениците од втора година средно и седмо одделение за основно училиште.Натпреварот го организира регионалниот координатор по француски јазик во соработка со Здружението на професори по француски јазик на Македонија.

Од нашето училиште учествуваа ученичките Глигорова Ивана од II 7 и Димковска Тамара од   II 6 под менторство на професор Светлана Несторова-Мицев.

Ивана освои прво место а Тамара трето.

Двете ученички ќе учествуваат на Државниот натпревар што ќе се одржи на 03.12.2016 во Скопје на Филолошкиот Факултет Блаже Конески.

Regionalen-francuski