Учество на натпреварот „Ноември- месец на физичари“


Објавено на: 28.11.2016

Од 18.11.2016 до 20.11.2016 година во Скопје за прв пат се одржа натпреварот „Ноември- месец на физичари“ во чии рамки се одржа и XVI Школа за млади физичари. Настанот беше организиран од Природно-математичкиот факултет, Институт за физика . Нашето училиште активно учествуваше на овој настан со 28 ученици од I ,II ,III и IV година по предметите биологија и хемија.

Учениците се вклучија активно во тест натпреварот кој беше одржан на 19.11.2016 година на Природно- математичкиот факултет, а додека учениците кои имаа изработено модели, изведуваа експерименти и демонстрации , активностите беа реализирани во City Mall во Скопје.

Сите учесници на овој настан од нашето училиште се здобија со сертификати за активно учество на натпреварот.

image 5

Учениците кои се натпреваруваа по хемија под менторство на проф. Магдалена Убавкова и проф. Даница Пецова добија пофалници и тоа : за тест натпревар Делов Теодор од III- 2, за експеримент Милан Ангелов II- 1, Павлинка Ташева II-4, Надица Туриманџова II-4 , Македонка Пецова III-4, Ана Точкова I-5 и Пане Иванова I-4 .

Учениците по биологија се здобија со пофалници за успешен модел : Ангела Анѓелова и Бојан Ристов од III-5 под менторство на проф. Богде Коцева и Александра Кадрова и Цветанка Ташева од II- 4 под менторство на проф. Елизабета Иговска. Исто така пофалници за демонстрација добија Даринка Костадинова IV-3, Ангела Ридова IV- 1 и Ружди Ќесаи од II-5 под менторство на проф. Елизабета Иговска.

Нашите ученици уште еднаш покажаа дека активно се вклучуваат во сите активности и покажуваат одлични резултати. Им посакуваме и понатаму многу успех и награди.

image 3

CAM00531

CAM00532

image 4

   image 2   CAM00537