I место на регионалниот натпревар по германски јазик
Објавено на: 06.03.2017
На 4.3.2017 год. во Битола се одржа регионален натпревар по германски јазик на кој учество зедоа ученици од Кавадарци, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Кичево и др. градови во овој регион. Нашата гимназија ја претставуваше ученикот Стефан Попов од II-2 клас под менторство на проф. Анастазија Костова и го освои првото место. Следната недела ќе ја претставува нашата гимназија на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Скопје. Години наназад учениците од нашето училиште ги заземаат првите места на натпреварите по германски јазик и со тоа докажуваме дека сме едно од најдобрите училишта во државата во кое по секој предмет менторите со учениците неуморно работат. Ученикот Стефан Попов постигнува одлични резултати по сите предмети, а учествува и на повеќе натпревари, но неговата љубов кон странските јазици го потврди тоа со освоеното прво место. Се надеваме на големи успеси и на натпреварите што следуваат.