Литературен конкурс на тема „Нежноста и убавината на жената“
Објавено на: 13.04.2017
По повод 8 Март, денот на жената, класното раководство на II4 клас, објави конкурс за најдобар есеј и најдобра ликовна творба на темата „Нежноста и убавината на жената“ за учениците од втора година.
Пристигнатите литературни и ликовни творби беа оценети од страна на стручна комисија, и беа наградени три најдобри есеи и три најдобри ликовни творби. По тој повод им беа доделени пригодни награди (книги и дипломи) на најуспешните ученици во присуство на професорката по македоснки јазик и литература Катица Манева, професорот по ликовна уметност Ванчо Кеков и директоркатра на гимназијата Невенка Поп-Ангелова.
Наградени се учениците:
- Павлинка Ташева II4 (прва награда за ликовна творба)
- Босилка Велкова II3 (втора награда за ликовна творба)
- Кристина Костадинова II4 (трета награда ликовна творба)
- Ѓорѓи Стојанов II2 (прва награда за литературна творба)
- Милена Трикиќ II1 (втора награда за литературна творба)
- Кристина Костадинова II4 (трета награда за литературна творба)
Директорката на гимназијата и професорите им се заблагодарија на учениците и ја пофалија нивната иницијатива за распишаниот конкурс, како и учеството на истиот. Наградените литературни и ликовни дела се објавени во Креативното катче на веб – страницата на гимназијата „Добри Даскалов“.
Трите најдобри ликовни творби: