И велосипедот е дел од сообраќајот
Објавено на: 17.05.2017
На 11.5.2017 год. се одржа велосипедска парада под мотото „И велосипедот е дел од сообраќајот“ организирана од Сојузот на училишен спорт на град Кавадарци во соработка со МВР Кавадарци, Совет за безбедност во сообраќајот, Прва помош Кавадарци и др. Во активноста земаа учество повеќе училишта од кои нашето училиште зема учество со најголем број на учесници во оваа парада. Парадата беше координирана од проф. Блаже Велков кој традиционално секоја година ја организира истата во овој период по повод светскиот месец на велосипедот. Парадата се одвиваше низ улиците на град Кавадарци.