Избран претседател на Ученичката /Младинска организација
Објавено на: 19.10.2017
На ден 12.10.2017 година (четврток) во училишната кино-сала се одржа Втората седница на Ученичката /Младинска организација со цел избор на претседател и заменик претседател во учебната 2017/2018 година.
По упатениот Повик на Првата конститутивна седница на Ученичката /Младинска организација за избор на претседател заклучно со 12.10.2017 година (четврток) за претседател на Училишната /Младинска организација аплицираа четири кандидати: Митко Јовановски, Драги Алексовски, Ѓорѓи Стојанов и Филип Липтов. Учениците се претставија пред присутните со програма за работа на Ученичката /Младинска организација и ги истакнаа причините кои ги мотивирале да аплицираат за оваа функција. По извршениот избор преку тајно гласање за претседател на Училишната /Младинска организација во учебната 2017/2018 година беше избран ученикот Ѓорѓи Стојанов. За заменик претседател беше избрана ученикот Митко Јовановски. На присутните им се обрати Директорката Г-ѓа Невенка Поп Ангелова, а на претседателот и заменик претседателот им посака успешна работа.