Од 29 ноември до 3 декември 2017 година во Банско, Р.Бугарија се одржа XXII меѓународен фестивал Утринска ѕвезда. Учениците од гимназијата “Добри Даскалов” Кавадарци настапија со театарската претстава “Бегалка” под менторство на професорите Гордана Еленова и Кочо Кочов и театарската претстава “Сон на летната ноќ” под менторство на професорката Катица Манева и двете за наша особена радост и гордост освоија II место. Ова е уште еден голем успех на кавадаречките гимназијалци кои години наназад ги освојуваат најпрестижните награди на меѓународни натпревари и фестивали.