Одбележување на патрониот празник на училиштето


Објавено на: 06.12.2017

Со положување на цвеќе пред бистата на патронот Добри Даскалов и свеченост во фоајето на Гимназијата се одбележа патрониот празник на училиштето. На почеток присутните гости ги поздрави директорката на Гимназијата г-ѓа Невенка Поп-Ангелова која зборуваше за делото на патронот, за неговите познати мисли кои и денес претставуваат инспирација и мотивација за вработените и учениците, да се биде подготвен , да се постигнуваат нови применливи знаења, иновативност, квалитет на целокупниот образовен процес. Таа со особена гордост ги истакна успесите на учениците и нивните ментори во минатата учебна година.

DD

Vod

 Dir  FDD

  •  Мјузикл „Матуранти“ – III место на Меѓународен фестивал „Утринска Ѕвезда“ во Банско, Р.Бугарија,
  • Елена Ридова – I место на Државен натпревар по Македонски јазик,
  • Славе Темков – III награда на Државен натпревар по Математика,
  • Училиштен оркестар – I место на Државен натпревар,
  • Училиштен хор – II место на Државен натпревар.
  • III место Кошарка женски на Државен натпревар,
  • Ѓорѓи Илов – I место на Државен натпревар атлетика, фрлање џуле,
  • Надица Петрева – III место на Државен натпревар атлетика, скок во височина,
  • Анастасија Иловска – II место на Државен натпревар биологија,
  • Стефанија Николова – III место на Државен натпревар биологија,
  • Душица Бошева – III место на Државен натпревар „Лидер во струка“,
  • III место во категорија за најдобар штанд на „Образовно рандеву“,

hor

UZ

Програмата беше збогатена со неколку композиции од училишниот хор и оркестар музичко сценска изведба на стихови за вљубените, сегмент од театарската претстава Сон на летната ноќ.

На крајот Г-ѓа Поп-Ангелова истакна дека училиштето ги негува и традиционалните и современите вредности и успешно ја остварува својата образовна и културна мисија! Јавноста очекува и во иднина гимназијалците да го осветлат небото со топлина, знаење и храброст!

…..успехот се случува во моментот кога сте дале се од себе и продолжувате да давате се од себе…

sl1

SlN