Ученици од нашето училиште учесници на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија
Објавено на: 11.12.2017
Во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ на Коалиција на младински организации СЕГА, подржан од детската фондација Песталоци, во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година, уште еднаш од нашето ученици од нашето училиште учествуваа на интеркултурната размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија.
На оваа интеркултурна размена од нашето училиште учествуваа осум ученици: Горица Спанџова II 4, Марија Јошева II 4, Сунита Мустафова II1, Селма Бегани II5 , Петар Тодоровски IV5, Стефан Ефтимов III4, Дијана МанчеваIII 2 и Весна Темкова III4, под менторство на професорката по историја Наташа Матакова. Освен нашето училиште од Република Македонија учествуваа и ученици од уште четири училишта од Македонија и тоа од Гостивар, Прилеп, Струга и Дебар. Учениците од нашето училиште го делеа делот за живеење со ученици од Гостивар и Струга.
Делејќи го покривот со ученици од други националности Албанци, Турци и Роми, со деца од различен град, со различен карактер, интереси, мислења, кај учениците се побија сите стереотипи и предрасуди и се покажа флексибилноста како единствена можност за соживот. Интеркултурната размена се одвиваше меѓу ученици од Македонија, Молдавија и Швајцарија, на тема антидискриминација. На предавањата и работилниците што се одржуваа во работните денови секој имаше право да го искаже своето мислење за темата која се дискутираше: идентитет, влијание, анти-дискриминација, етикети, стереотипи и предрасуди итн. За време на викендите се реализираа екскурзии низ Швајцарија, каде што до израз доаѓаа дружењата и пријателствата со ученици од различна етничка структура.
Целта на овој проект беше учениците да се здобијат со знаење и вештини за нивните права, дискриминација, меѓусебно разбирање, толеранција, почитување на други култури , како и да бидат самостојни во средина далеку од нивните домови вклучувајќи се во разни активности.