Пренесено знаењето и искуството стекнато на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија
Објавено на: 20.01.2018
По престојот на интеркултурната размена во Троген, Швајцарија во периодот од 17.10.2017 година до 31.10.2017 година која се реализираше на тема детски права- антидискриминација, учениците што учествуваа на интеркултурната размена под менторство на професорката Наташа Матакова одржаа четири follow up работилници каде го пренесоа стекнатото знаење и искуство на нивните соученици. Работилниците се одржаа во периодот од 11 – 14.12.2017 година, на тема детски права (идентитет), а учествуваа ученици од прва до четврта година.
Работилницате се реализираа во позитивна атмосфера, преку различни техники и игри учесниците научија како да преминат преку неуспех, како да ги почитуваат нивните вредности, дојдоа до заклучок дека треба да ја почитуваат својата личност без разлика како не гледаат другите.