Посета на Централен регистар – Кавадарци и Управа за јавни приходи – Кавадарци
Објавено на: 04.02.2018
Учениците од IV-6 од економско-правна и трговска струка, економски техничар од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, на ден 31.01.2018 година Среда, заедно со проф. м-р. Жанета Делова, ги посетија Управата за јавни приходи и Централниот регистар во Кавадарци.
Вработените во овие институции, особено во Централниот регистар изложија информации кои се и ќе бидат корисни за младите претприемачи во иднина. На учениците им беше презентирано како се отвараат фирми, за колкав временски период може да се отвори фирма, кои форми на трговски друштва може да се отвараат во Република Македонија, најбрзиот начин за основање фирма е за два дена, при што основната главнина не може да биде помала од 5.000 евра во денарска противредност. Отварањето на фирмата е бесплатно, но доколку тоа го вршат регистрациони адвокати тогаш се наплаќа одредена сума пари на адвокатот.
Може да се отвораат и невладини организации и фондации, при што за невладини организации треба да има најмалку пет основачи, а кај фондациите е потребно при основањето да се вложат 10.000 евра во денарска противредност.
Учениците беа информирани и за новините во врска со даноците, кој е даночен обврзник, кој треба да пријави данок, се досега се пријавуваа даноците електронски и писмено, а од сега па натаму ќе се врши пријавувањето само електронски, при што даночните обврзници треба најпрво да се регистрираат електронски.