Посета на Винарска визба „Тиквеш“
Објавено на: 14.02.2018
На ден 09.02.2018 година учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци, кои ги изучуваат предметите Економска географија, Географија изборен од проф. Феринанд Чејков, Економија од проф. м-р. Жанета Делова, Организација од проф. Татјана Ралевска, Основни на бизнисот од проф. Александра Ристова беа во посета на винарската визба „ТИКВЕШ“, станува збор за една од најголемите винарии во Р. Македонија. На посетата беа поканети и проф. Васка Петкова и проф. Слободанка Стојанова.
На оваа посета учениците имаа можност да се запознаат со почетоците на винаријата Тиквеш, со нејзиното работење, односно производство, капацитет, пакување на виното, при што учениците можеа да ја видат и архивата на стари вина. Винаријата Тиквеш датира уште од 1885 година, оваа винарија е најстара и најголема винарија во Југо-Источна Европа. Винаријата и покрај тоа што ги користи старите добри традиционални практики има вклучено висока технологија и знаење во производството на вино.
Во винаријата се произведуваат 60 сорти на вино. Квалитетот на производите е препознаен од најдобрите софистицирани пазари. Македонската географска позиција со Медитеранска клима од Југ и поладна континентална Европска клима од север се одлични за раст на грозје, богато со овошна арома за создавање најдобри вина.