Одржан XXVI регионален натпревар по информатика
Објавено на: 12.03.2018
Традиционално како и секоја година, така и оваа учебна година се одржаа училишен и регионален натпревар по информатика МЕНДО – од областа на програмирањето, во организација на Здружението на информатичари на Македонија ЗИМ.
Сите натпревари во рамките на овогодишниот циклус натпревари се спроведуваат преку системот МЕНДО. Секое училиште имаше право да пријави тројца натпреварувачи на регионален натпревар, па затоа на 28.02.2018 поради поголем интерес на учениците во просториите на гимназијата Добри Даскалов беше одржан училишен натпревар кој имаше за цел да им овозможи на менторите да направат селекција на тројца претставници кои ќе го претставуваат училиштето на регионален натпревар. На училишниот натпревар учествуваа Милан Ангелов III-1, Филип Костов III-2, Стефан Ефтимов III-4, Виктор Бошков III-4, Филип Кимов III-5, Јован Камчев III-5, Даниел Џуланов III-5, Страше Наумов IV-1, под менторство на проф. по информатика м-р Зоран Милевски и Блаже Бањански I-2 под менторство на проф. по информатика Андосија Ристова.
XXVI регионален натпревар по информатика се одржа на 11.3.2018 во три региони и тоа: ФИНКИ во Скопје, ПСУ „Јахја Кемал“ Струга и ПСУ „Јахја Кемал“ Струмица. Нашето училиште се натпреваруваше во првиот регион на ФИНКИ во Скопје од учениците . Учениците добија пофалба за успешно учество и на Државниот натпревар што ќе се одржи на 24.3.2018 на ФИНКИ во Скопје поканети учесници од нашето училиште се Милан Ангелов III-1 и Блаже Бањански I-2. Им посакуваме успеси на натпреварите што следуваат.