Посета на адвокатска канцеларија во рамките на предметот Практична настава


Објавено на: 13.03.2018

На ден 12.03.2018 год, учениците од II-7 клас при СОУ Гимназија “Добри Даскалов” од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет “Практична Настава” со предметниот наставник Татјана Ралевска ја посетија Адвокатската канцеларија на Адвокат Зорица Илиевска, каде имаа можност да се запознаат со дел од дејствијата поврзани со образување на судски предмет како и со начинот на составување на договори во писмена форма. Учениците имаа можност да се запознаат и со одредени дејствија кои се превземаат за спречување на малолетничката деликвенција.

22497185 858859634298137 343270828 o

20137821 858859667631467 290139310 o