Посета на Собрание на Република Македонија


Објавено на: 18.04.2018

На 15 февруари 2018 година учениците од IV-7 клас, правен техничар и учениците од IV-6 клас, економски техничар, при СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, во рамките на наставната програма по практична настава, под менторство на Љубица Станоевска, професор по правни предмети, реализираа посета на Собранието на Република Македонија. Заедно со менторот и учениците, беа и Васка Петкова, професор по македонски јазик и литература, и Лоска Давчева, професор по економски предмети.

Photo 4-18-18 10 16 29

Photo 4-18-18 10 17 02

Учениците беа примени од страна на г-ѓа Соња Стаменкова, која учениците ги запозна со историскиот развиток на парламентаризмот во Република Македонија, од ослободувањето до денес. Таа посебно се задража на историските темели на Собранието на РМ кои биле поставени со Крушевската Република од 1903 година и АСНОМ од 1944 година, при што се надоврза на Народното Собрание на РМ од 1946 година и на Собранието на СРМ од 1963 година и 1974 година. По нејзиното излагање, со свое присуство нè удостои и почитуваниот пратеник од нашиот град, г-дин Бетиане Китев, кој одговараше на многубројните прашања на учениците и заедно со г-ѓа Саменкова на учениците им овозможија разглед на просториите и работните кабинети во Собранието на РМ, во кои пратениците секојдневно ги извршуваат своите работни задачи и обврски. По извршениот разглед на Парламентот, учениците искажаа задоволство од стекнатите нови знаења и од поврзаноста на теоријата со практиката. Се надеваме дека успешната соработа со Парламентот на РМ, ќе продолжи и во иднина. Голема благодарност до г-ѓа Соња Стаменкова која овозможи реализација на практичната настава за учениците од нашето училиште.

Прилогот го подготви,

Љубица Станоевска, професор по правни предмети

Photo 4-18-18 10 11 39