Ученици од II и III година во посета на Централен регистар – Кавадарци


Објавено на: 20.05.2018

Учениците од клас II-7 и клас III-7 при СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци на 10.05.2018 во рамките на наставниот предмет „Практична настава” , под менторство на Проф. Слободанка Стојанова и Проф. Татјана Ралевска, ги посетија просториите на Централен регистар – Кавадарци, каде тие имаа можност директно да се запознаат со условите потребни за регистрирање на фирма, за начинот на регистрирање на фирма, како и за начинот на бришење на фирма . На крајот од посетата, учениците имаа можност да поставуваат и прашања за теми што се во директна врска со работењето на Централниот регистар.

32484571 889894467861320 9188457405892001792 n

32405554 889894504527983 7615819800060624896 n