Учество на гимназијалците во Вински карневал на „Тиквешки гроздобер 2018“


Објавено на: 12.09.2018

По повод манифестацијата „Тиквешки гроздобер-2018“, учениците од СОУ Гимназија„Добри Даскалов“ зедоа активно учество во Винскиот карневал кој се одржа на 9 септември (недела).

За збогатување на карневалското дефиле беа ангажирани повеќе гимназијалци кои со гордост го прифатија предизвикот оваа година достојно да го претстават славењето на грозјето, виното и  лозарството.

Поставката која продефилира на кавадаречкиот плоштад беше составена од соодветно костимографирани ученици со Dancing Queen.

Оваа година на учениците од драмската секција им припадна честа да го завршат карневалот со соодветен перформанс кој претставуваше прослава на виното и грозјето низ вековите до денес.

Вечерта заврши со богата културно –уметничка програма, многу забава и дружба на учениците со своите врсници.

Photo 9-13-18 15 30 28 1

Photo 9-13-18 15 29 32 1