15 Септември – Светски ден на чистење


Објавено на: 29.09.2018

По повод Светскиот ден на чистење 15 септември, Министерството за образование и наука и оваа година продолжи да ја спроведува националната акција за чистење на отпадот на цела територија на Република Македонија.

На овој ден, милиони волонтери од 150 земји од светот ќе се обединат да ја исчистат животната средина во еден ден.

Акцијата е поддржана од повеќе владини и невладини институции, како на пример: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Црвен крст, Дирекција за заштита и спасување, Го Грин, Агенција за млади и спорт и други.

Во пресрет на Светскиот ден на чистење училиштето заедно со членовите на еко-одборот организираше еколошка акција за чистење во училиштниот двор.

1

2

Заедно со учениците, а под менторство на Богде Коцева – професор по биологија, Јасминка Ризова – училиштен педагог и Илија Шиков – професор по спорт и спортски активности, беше исчистен дворот на учениците од отпад и суви лисја. Собраниот отпад беше уредно собран во вреќи за собирање смет и фрлен на соодветно место во контејнери.

Другата активност беше поврзана со собирање стара хартија за рециклирање. Учениците ја собраа старата хартија во посебни контејнери назначени за селектирање отпад, кои претходно беа поставени во училиштниот двор од страна на ПАКОМАК Скопје.

3

Исто така, однапред беше подготвен текст за Светскиот ден на чистење, со цел да се подигне свеста кај сите нас за правилно управување со отпадот и обезбедување чиста и здрава животна средина. Овој текст беше дискутиран во сите паралелки на класниот час.

Им благодариме на сите ученици кои беа активно вклучени во оваа акција за чистење во училиштниот двор. Се надеваме дека со ваквите активности ќе се зголеми свеста кај младите за зачувување на средината во којашто учат и живеат.

Училиштето ќе продолжи и понатаму активно да се вклучува во сите акции и кампањи иницирани од Министерството за образование и наука, како и од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и од други владини и невладини организации.

5