Ученици во посета на Основниот суд во Кавадарци


Објавено на: 30.10.2018

На ден 18.10. 2018 год, учениците од II-7 клас при СОУ “Гимназија Добри Даскалов” од Кавадарци, во рамките на наставните часови по наставниот предмет” Практична Настава” со предметниот наставник Татјана Ралевска ги посетија просториите на Основниот Суд во Кавадарци , каде имаа можност да се запознаат со работата на судовите. Пред учениците, излагање имаше Претседателот на Основниот суд во Кавадарци Зоран Јосифов кој подетално ги запозна учениците со надлежностите на Основниот суд Кавадарци, како и со дејствијата поврзани со административно-техничките работи на судот. Потоа учениците имаа можност да ги посетат како просториите во граѓанскиот оддел така и просториите во кривичниот оддел.

На 25.10.2018 година на Европскиот ден за граѓанска правда учениците од ll и IVгодина, со образовен профил правен техничар при СОУ Гимназија ” Добри Даскалов” Кавадарци, со Проф. Татјана Ралевска беа во посета на Основниот Суд Кавадарци. Пред учениците , свое излагање за судството во Р Македонија имаше Судијката Лилјана Ситниковска. Потоа за медијацијата и медијаторството во РМ зборуваше Медијаторката Роза Алексовска. На големо задоволство кај учениците а во согласност со законските и останатите правни прописи, тие имаа можност да следат и судска постапка од работен спор а овластен судија за овој спор беше Судијката Лилјана Ситниковска.

44968958 1024710171065991 1619984388999610368 n

45079402 171085133829991 8953050832513794048 n

45000087 314517615803265 8309121787577237504 n